Зимските распродажби во Грција почнаа од понеделник, 13 јануари, а периодот на продажба ќе трае до петок, 28 февруари. Трговските здруженија објавија дека трговците ги пречекуваат потрошувачите со „силни попусти и единствени можности“, со цени намалени и до 70 проценти.
Според претседателот на Трговско-индустриската комора на Пиреја, Василис Коркидис, се очекува зимската распродажба да ги исполни очекувањата и на трговците и на потрошувачите и покрај финансискиот замор од божиќните празници, пишува То Вима.
Се очекува прометот на мало во текот на јануари и февруари 2025 година да ги надмине 6 милијарди евра забележани во истиот период минатата година.