Почина 4-годишното девојче кое таткото го остави во прегреан автомобил во Истра

by Тони Зографски

Почина четворогодишното девојче кое работници на едно градилишто го нашле затворено во прегреан автомобил во Ровинско Село во Хрватска.
Како што објави ИстраИН, девојчето починало како последица на топлотниот удар и дехидрација, поради што и се оштетиле виталните органи.

За потсетување, во четвртокот, во попладневните часови таткото го оставил девојчето во врелиот автомобил за да не ја буди, а не и пуштил ни клима. Ги затворил сите прозори за да не влегува прашина од блиското градилиште.

Како што информирале мештаните, девојчето во несвест го пронашле работниците, повикале Брза помош и било одведено во болницата во Риека.

 

останати вести