Почина Татјана Патиц, супермоделот од спотот на Џорџ Мајкл „Freedom“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

На 56 години почина Германката Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те години, објави „Вог“.

Патиц заедно со Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон ја сочинуваа легендарната петорка на првите супермодели кои во 1990 година ги повика светски познатиот моден креатор Џани Версаче.

Таа во 90-те години ги освојуваше светските модни писти, а поради својата убавина, мачкастиот облик на очите, невообичаено совршениот облик на лицето стана заштитно лице на многу кампањи, меѓу кои и на Шанел, Келвин Клајни и Версаче.

Беше родена во Германија, во 1966 одина, а детството го поминала во Шведска. На 17 години влегла во финалето на натпреварот Елит Модел Лук, а потоа потпиша договор со светска компанија и се пресели во Париз.

Манекенката беше најпозната по соработката со „Вог“ како и по главната улога во спотот на песната „Freedom“ на Џорџ Мајкл од 1990, во кој беше заедно со првите супермоделки Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон.

Се прослави по соработката со славните фотографи, меѓу кои и Херб Риц.

“Никогаш не си ја прододадов душата, изјави манекенката во интервју во 2020.

Живееше повлечено во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше за своите животни.

останати вести