Почина српскиот глумец Тихомир Арсиќ

by Тони Зографски

Глумецот Тихомир Арсиќ почина денес во 63 година од рак на панкреас.

Ќе остане запаметен по улогите во филмовите Момче кое ветува, Големиот транспорт, Игмански марш и Пејзажи во магла.

Неговите последни улоги беа во сериите Убијци на татко ми и Ургентниот центар.

Арсиќ ќе остане запаметен од публиката и по монодрамата ,,Тако је говорио Броз”, со која настапи низ цела поранешна Југославија во раните 90-ти, играјќи ја повеќе од 300 пати.

-Панкреасот е сега одлично и тука негувам малку надеж. Се чувствувам и се однесувaм како да сум бесмртен. Ако ти остаnале неколkу месеци или неколку години живот, тогаш тоа време треба да го поминеш во среќа и веселба. Чуден е тој мој тумор на панкреас. Не му можеме ништо. Постојано мутира. Се надевам дека ќе најдеме терапија на која ќе реагира – зборуваше Арсиќ во октомври.

 

 

останати вести