Почина Сања Илиќ, фронтменот на „Балканика“

by Тони Зографски

Композиторот, музичар и основач на групата „Балканика“, Александар Сања Илиќ почина денес на 70-годишна возраст. Според РТС, Илиќ починал како резултат на ковид-19.

Илиќ е роден во Белград на 27 март 1951 година и покрај тоа што бил успешен композитор, по образование бил и архитект.

Како млад настапувал во групата „Враголани“, а потоа и во групата „Сан“.

Тој ја основал групата Балканика во 1998 година, а првиот концерт се одржал на 26 јуни 2000 година. Настапувал со Балканика на концерти низ целиот свет. Ја претставувал Србија на Евровизија 2018 во Лисабон, заедно со неговиот бенд; песната се вика Нови деца. Песната влегла во финалето на Евровизија, пишува Блиц.

Настапуваше со Балканика на концерти низ целиот свет, а ја претставуваше Србија на Евровизија 2018 во Лисабон со песната „Нови деца“, која влезе во финалето на натпреварот.

Негова прва сопруга беше една од најубавите глумици во екс Југославија, Злата Петковиќ.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com