ПОЧИНА ПОПУЛАРНИОТ АКТЕР ВО СФРЈ: Збогум за Дудек од “Грунтовчани“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот хрватски глумец Мартин Сагнер почина синоќа на 88-годишна возраст. Јавноста најмногу го памети Сагнер по улогата на Андрија Каталениќ Дудек од култната серија „Грунтовчани“ популарна во поранешна Југославија.

Мартин Сагнер е роден во Новиград Подравски во 1932 година. За време на неговата актерска кариера, тој има остварено десетици улоги во филмови и серии, а исто така го позајмуваше гласот во анимирани филмови.

Интересно е што во почетокот на 1990-тите тој стана и пратеник во хрватскиот Сабор, но одлучил дека тоа не е за него.„ И во Саборот бев Дудек“, рекол подоцна во едно интервју.

Мартин Сагнер починал по кратка и тешка болест.

 

останати вести