Починала откако ја плукнал заразен од коронавирус (ФОТО)

by Тони Зографски

Вработена во британски железници почина од  коронавирус, откако на неа плукнало непознато лице додека работела на станицата Викторија во Лондон, соопшти Здружението за вработени во сообраќајот (ТССА).

Бели Муџинга (47) и нејзината колешка биле на работа на 22 март кога непознато лице плукнало во нив и намерно им кашлало. Непознатиот сторител потоа рекол дека е заразен со коронавирус. Муџинга почина две недели подоцна, на 5 април.

Британската сообраќајна полиција објави дека започнала истрага за инцидентот, пишува Си-Ен-Ен.

„Бели и нејзината колешка го молеа раководството да го поминат остатокот од денот во објектот зад заштитната бариера. Раководството им рече дека им требаат луѓе кои работат надвор и ги испрати назад до крајот на смената“, се вели во соопштението на ТСАА.

Здружението на вработени во сообраќајот соопшти дека Муџинга страдала од хронични респираторни проблеми поради што претходно и била извршена операција. Од таму додаваат дека раководството било свесно за нејзината здравствена состојба и дека, дури и по инцидентот, Муџинга продолжила да работи до 25 март, кога нејзиниот доктор рекол дека мора да оди на боледување.

Муџинга и нејзината колешка се заразиле со ковид-19 многу брзо по нападот, или 11 дена по инцидентот. Муџинга била пренесен во болницата Барнет и сместена на респиратор.

TSSA го пријави инцидентот до регулаторните органи.

„Наместо да зборуваме за олеснителни мерки и да се вратиме на работа, владата прво мора да обезбеди дека се воспоставени соодветните мерки на претпазливост и мерки за заштита на вработените“, велат од ТСАА.

останати вести