Поранешна позната тенисерка : Имав 120 килограми, сакав да се убијам

by Тони Зографски

Поранешната тенисерка Јелена Докиќ која во еден период беше дури четврта на ВТА листата, во својата автобиографска книга „ Несаломљива“ напиша дека размислувала на самоубиство поради големата килажа и се што и се случувало откако завршила со кариерата.

“ Се повлеков од тенисот, а не знаев во кој правец да одам. Почнаа проблемите со килограмите, па во еден период имав дури 120 килограми. Кога сте професионален спортист се ви е на “тацна“, тренинг, храна, патување, така што имав голем проблем да се вратам во нормалниот живот – изјави Докиќ која настапуваше за Австралија, во интервју за  неделникот “Herald San”.

Инаку, Јелена Докиќ која е позната и поради проблемите што ги имаше со татко и Дамир, на престојниот Австралија опен ќе биде во улога на коментатор за Канал 9.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com