Лаура Ла Ру е 32-годишна „пензионирана“ манекенка од Лос Анџелес, која го сменила својот животен стил и решила да направи нешто сосема поинакво.
Таа сега живее во реновиран училишен автобус во Оџаи со својата мала ќерка и одгледува свои производи.
„Повеќето луѓе се мажат, купуваат куќа и имаат дете. Ова е она што го сакав – безбедно засолниште каде што можам да угостам луѓе и да уживам во основните работи. За среќа, начинот на кој живеам не бара многу пари“, рече таа во неодамнешното интервју за „Ел-еј тајмс“.
Таа го напуштила училиштето на 16 години за да ги оствари своите соништа, а во текот на кариерата соработувала со познатиот фотограф Дејвид ЛаШапел и се дружела со актерот Леонардо Дикаприо.
„Ми здодеа градскиот живот. Си помислив: ‘Воопшто не ми се допаѓа ова’. Имав здравствени проблеми предизвикани од стресот. Бев на диета поради мојата работа и сакав да сменам некои работи и почнав да трошам време на себе.“
Во меѓувреме, таа се заљубила во маж кој работел на ранчот на нејзината мајка и почнале да живеат заедно во комбе. Кога забременила, нивната врска почнала да се распаѓа и таа решила да се насели на едно парче земја во Оџаи, каде што ја изградила својата импровизирана подвижна куќа од стар училишен автобус.
Нејзиниот дом има тоалет, туш, шпорет и рерна, а нејзиното бебе има свое мало катче за спиење. Таа има 26.000 претплатници на нејзиниот канал на Јутјуб и објавува различни туторијали.
„Мојата цел е да ги инспирирам луѓето да направат промени за да си го подобрат животот и да не се плашат да ризикуваат“, вели поранешната манекенка, која поголемиот дел од деновите ги поминува на отворено со својата 16-месечна ќерка.