ПОРАНЕШЕН ФУДБАЛЕР НА СМРТНА ПОСТЕЛА: Дојдете на мојата последна вечер (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Поранешниот фудбалер Фернандо Риксен, кој пред шест години играше за Ренџерс е свесен дека ги брои последните денови од својот живот.

Само неколку месеци, откако во 2013 година ја заврши кариерата, Риксен откри дека е смртно болен кога му беше дијагностицирана неизлечива болест, која влијае на неврниот систем и води кон целосна парализа.

Риксен сега е во последната фаза, па од болничкиот кревет сними видео-порака, во која ги повикува навивачите на хуманитарна вечера.

https://www.instagram.com/p/BuO2IRFjyFF/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

„Поздрав. Имам посебна вечер на 28 јуни. Ми станува многу тешко, тоа ќе биде мојата последна вечер. Дојдете и направете ја вечер за паметење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, порача 42-годишниот Риксен.

Влезницата за 28 јуни во хотелот изнесува 70 фунти, а неговата видео-порака синоќа ја погледнале повеќе од 300.000 луѓе.

останати вести