Поради сообраќани блокади скопјанка не можеше да стигне на погреб кај татко си (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Речиси цело Скопје вчера беше во сообраќаен метеж. Поради заедничката владина седница на земјава и Косово, поради што и беше променет сообраќајниот режим, се случија блокади во централното градско подрачје.

Закочен беше и булеварот „Климент Охрдиски, од раскрсницата кај студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во правец кон „Партизанска“, кај Соборниот храм.

На Tвитер се појави видео во кое скопјанка, плачејќи, моли да се снајде во сообраќајните блокади за да стигне на погреб кај татко си.

-Само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, за да поминам и да одам на погреб кај татко ми, рече  таа која се најде на крстосницата кај базенот Карпош.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com