ПОРАДИ ДЕФЕКТ: Владиниот авион принудно слетал

by Тони Зографски

Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери имал дефект и слетал принудно во итна постапка на аеродромот во Скопје, дознава Телма.

Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Дефектот на авионот бил бидејќи имало проблеми со предното тркало, кое се заглавило. По слетувањето авионот не можел да се движи по пистата туку бил извлечен, дознава Телма.

Пилотите на владиниот авион се посомневале во механички дефект при слетување на скопскиот аеродром, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога. При стандарна процедура, односно спуштање на опремата за слетување, пилотот и копилотот се посомневале дека предното носно тркало е закочено. Претседателот на УО на М-НАВ, Николче Тасески го потврди немилиот настан.

Тасески вели затоа тие побарале од контролата на летање низок прелет околу кулата за визуелна потврда на дефектот.

Но од Контролата на летање добиле потврда дека предното тркало е извлечено и тие слетале на пистата на скопскиот аеродром без никакви оштетувања.

 

 

 

останати вести