ПОЛИЦАЕЦ-ХЕРОЈ: Фати бебе кое маж го фрлил од балкон (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Полицаец од Њу Џерси фатил едномесечно бебе кое паднало од балкон на вториот кат.

Полицијата одговорила на повиците дека бебето е во опасност , откако маж се заканил дека ќе го фрли бебето од балкон, соопшти градоначалникот Стивен Фулоп во објавата на Инстаграм.

Полициските службеници започнале преговори, но „на крајот, човекот сепак го фрли едномесечното бебе од вториот кат на зградата“, рече градоначалникот.Полицаецот Едуардо Матуте го фатил бебето кое не е физички повредено, објави обвинителството на округот Хадсон, пренесува Си -Ен -Ен.

Обвинителството, исто така, ги пофали полицаецот Џозеф Кејси и командантот Мајкл Меккери за нивните „акции и храброст“ во одговорот на инцидентот.

Мажот е уапсен, а истрагата е во тек. Бебето било пренесено во локалната болница како мерка на претпазливост, а подоцна било пуштено.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com