Познатата актерка завршила на тротоар, Еми наградата ѝ испаднала од раце: За малку ќе ја скршела (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американската актерка Кристин Милиоти се соочила со непријатна ситуација на забава што била организирана по доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес.

Откако излегла од автомобилот, се сопнала и паднала, а наградата ѝ испаднала од рацете.

„О, Боже“, рече таа, а мажот кој бил до неа ѝ помогнал да се стане и ѝ ја вратил Еми наградата. Потоа се насмевнала и рекла: „Благодарам, догледање!“.

https://twitter.com/i/status/1967626960689095162

Милиоти ја освои Еми наградата за најдобра главна женска улога во кратка серија за нејзината улога како Софија Фалконе во „The Penguin“. Други номинирани во категоријата беа Кејт Бланшет („Disclaimer“), Рашида Џонс („Black Mirror“), Мишел Вилијамс („Dying for Sex“) и Меган Фахи („Sirens“).

Откако ја доби оваа престижна филмска награда, таа изјави дека говорот го напишала на задната страна од белешките што ги водела на психотерапија.

„Многу е тешко да се живее во денешниот свет, така што длабоко сум благодарна за сите светли точки. Снимањето на оваа серија со неверојатна актерска екипа и можноста да ја отелотворам оваа жена беше светла точка за мене“, рече таа, меѓу другото.

Милиоти им се заблагодари на нејзиното семејство и колегите, вклучувајќи ги актерот Колин Фарел и продуцентката Лорен Лефранк. На крајот извика: „Ве сакам сите и многу ја сакам глумата!“

По овој успех, актерката изјави во интервју за „Entertainment Tonight“ дека нејзината „душа го напуштила нејзиното тело“.

останати вести