203
Почина познатата тајванска актерка и водителка Барби Хсу, објави „Глобал Тајмс“. Хсу почина на 48-годишна возраст за време на патување во Јапонија, откако се зарази со грип што доведе до пневмонија. Според извештаите, таа неколку дена се чувствувала лошо, не го напуштила хотелот, а Итната помош интервенирала двапати. За жал, таа не добила навремена лекарска помош и починала во болница.
На социјалните мрежи се појавија дискусии за тоа каде точно се заразила од грип што ја довел до смрт – во Тајван или во Јапонија. Според нејзината помлада сестра Ди Хсу, Барби заболела од грип за време на семејно патување во Јапонија. Ди Хсу не го прецизираше местото и времето на смртта на нејзината сестра.
