ПОГРЕБ КАКОВ ШТО СРБИЈА НЕ ПАМТИ: Готвачката Радојка погребана во дрес, со тамбури и факели (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Жителите на Нови Сад викендов се збогуваа на до сега невиден начин од една обична готвачка, која беше во срцето на илјадници луѓе. Речиси четириесет години, Радојка „Цеце“ Црвена, секој ден подготвуваше храна за играчите и вработени во фудбалскиот клуб Војводина. Таа можеше да се изнагледа и подеми и падови во тимот, како и црните денови и шампионските, како сезоната 1988/1989 кога оваа екипа заедно со Синиша Михајловиќ, Славиша Јокановиќ, Будимир Вујачиќ, Милош Шестиќ… стана сензационален шампион на Југославија. Таа ги пречекуваше новите таленти, ги испраќаше асовите во поголемите клубови, а сетоа тоа го правела со – насмевка.

Радојка исто така не го заборавала роденденот на ниту еден од играчите, па за секој од нив подготвувала специјална торта… Тоа никако не и го заборавија фудбалерите и сите поврзани со клубот, како и навивачите, па достојно ја испратија на другиот свет.

Инаку, таа била погребана во дресот на ФК Војводина, со тамбури и факели, како што и самата сакала.

Данас је сахрањена Радојка Цеца Црвени, легендарна главна куварица наше Воше, у којој је провела безмало 40 година свог радног стажа и била живи сведок и кувар многих генерација фудбалера. Поред великог броја родбине и пријатеља сахрани су присуствовали и многи играчи из бивших састава ФК Војводине као и чланови управа и стручних штабова. По Цециној жељи сахрањена је са Вошиним дресом уз тамбураше и бакљаду, између осталог и уз песму ''Хеј, хеј Војводино''.

Posted by Клуб пријатеља ФК Војводине-Klub prijatelja FK Vojvodine on Saturday, December 21, 2019

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com