Погребан загребскиот градоначалник Милан Бандиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

Загребскиот градоначалник Милан Бандиќ е погребан денеска на гробиштата Мирогој во Загреб. На неговото испраќање во вечното почивалиште присуствуваа повеќе илјади граѓани, иако максималниот дозволен број на лица на погреб, според важечките епидемиолошки мерки е 25, јави индекс.хр.

Бандиќ е испратен со неговите три омилени песни „Очи во очи“, „На омишката карпа“ и „Под плетенките“ во изведна на клапа на Хрватската воена морнарица.

На погребот меѓудругите присуствуваше и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов

Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост.

Инаку, Бандиќ неочекувано почина на 66-годишна возраст во ноќта меѓу сабота и недела. На челот на Град Загреб беше во шест мандати.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com