ПОВТОРНО НЕ НЕМАШЕ: Убавицата на Јамајка прогласена за нова Мис на светот (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Убавицата на Јамајка, Тони Ен Син (23) е новата Mис на светот. На спектаклот кој се одржа во Лондон Круната за најубава жена на светот и ја предала манекенката од Мексико Ванеса Понче де Леона, минатогодишната најубава жена на светот.

Последен пат оваа титула ја понела девојка од Јамајка во 1993 година.

Прва придружничка е прогласена Офели Мезино од Франција, додека трето место зазеде Суман Рао од Индија.

Инаку, нашата земја и оваа година немаше преставничка. Лиценцата од Македонија за овој светски избор ја има Лидија Велковска.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com