Повторно дојава за бомба во авион на “Air Serbia” на релација Белград – Москва

by Тони Зографски

Авионот кој е вратен од летот за Москва поради дојава за бомба, слетал на белградскиот аеродром, јавуваат репортерите на српски “Telegraf”. Во тек е евакуација на патниците.

Неговото враќање јасно се гледа на сајтот “Flight Radar”, кој го покажувал патувањето на овој лет.

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица (SAJ) се на влезот на аеродромот, а тука се паркирани и амбулантни возила, како и едно противпожарно возило.

Специјалците ќе ја прегледаат и внатрешноста на авионот, кабината и товарниот простор. Тоа, како што пишува “Telegraf”, ќе трае најмалку два часа.

Во авионот имало 125 патници и пет членови на екипажот. Реакцијата уследила откако пристигнал мејл со фотографија од наводната бомба.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com