Платиле 2.000 евра за „луксузен апартман“, она што ги дочекало во дворот било катастрофа, а внатре пекол! (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Летувањето кое требало да биде совршена релаксација на Јадранот, за еден пар се претворил во кошмар. Една млада жена споделила видеоснимка во која открива дека со сопругот платиле дури 2.000 евра за „луксузен“ апартман, а наишле на сушта спротивност од она што било прикажано на фотографиите.

– Ова требаше да биде вистински одмор, за кој плативме 2.000 евра, а не дочека вистинска катастрофа. Секако дека останавме сè на сè 4 часа и побегнавме – напишала Нита во описот на видеото кое предизвика лавина коментари и реакции.

Наместо луксузно сместување со базен, кое го следеле и сосема различни фотографии, ги дочекал валкан и запуштен објект.

– Базенот изгледаше како мочуриште со зелена боја, дворот целосно сраснат, а старата трамбулина видела и подобри денови – продолжува Нита.

Во апартманот, состојбата била многу полоша. Плафонот се ронел, вратата едвај се отклучувала, а кујната била толку стара и речиси неупотреблива, со излитена и уништена гарнитура за седење.

– Далеку од луксузот на кој се надевавме – истакнува оваа жена видно разочарана.

Нита и нејзиниот сопруг го напуштиле сместувањето после 4 часа. Иако не ја открива точната локација, корисниците на Тикток набргу сфатија дека станува збор за Хрватска.

Следеа бројни реакции, а многумина преку коментар изразија разочарување за хрватскиот туризам.

-Хрватска?! Секако дека е лошо, ,подобро да ја изберете Шпанија, Грција, Турција или која било друга земја во Европа. Терминот „луксуз“ во Хрватска е смешен. Ништо не реновирале од ’80-тите, а цените им се уште посмешни.

– Дали воопшто ги прочитавте рецензиите?

– Од Хрватска сум , дури ниту ние повеќе не одиме овде на одмор. Само ако имаш куќа или апартман на брегот и не мора да плаќаш.

– Хрватка сум, ве молам прескокнете ја Хрватска. Не ви се исплати, прескапа е. Хрватите одат на одмор во Грција или, на пример, Тунис.

-Тоа на сите им се случува, дури и мене како Хрватка, попрво би отишла во Грција, или Шпанија – се редеа коментарите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com