ПИНТУРОЛ ПОБЕДНИК ВО КОМБИНАЦИЈА: Хиршер му се извини на Хадалин

by Тони Зографски

 

Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов

 

– Французинот со овој триумф ја избори 17-тата победа на “триколорите“ во комбинацијна во Светскиот куп.

– Mарсел Хиршер втор, Словенецот Хадалин трет за една стотинка послаб од Австриецот!

На патеката Џирардели (супервелеслалом) и Томба (слалом) во Банско се одржа вториот и последен натпревар во суперкомбинација во Светскиот куп во алпско скијање. Како што се очекуваше Французинот Алксис Пинтурол кој по првата суперџи трка беше трет, во втората – слалом, за која дисциплина е специјалист, дојде до триумф и до малиот кристален глобус во СК во комбинација.

Многу интересен беше настапот на Марсел Хиршер. Како што најавив во првиот извештај од суперџито, Австриецот од 20-сетото место тргна во жесток напад и стигна до втората позциција. Тој беше лидер се до моментот додека Французинот не мина низ целта. На крајот времето покажа дека Пантурол е подобар за 68 стотинки од Австриецот.

Тој победи со вкупен резултат во двете возења од 1:55,55 минути . Инаку ,Французинот влезе со убава предност од првата трка,па така и покрај големите напори Хиршер навистина ја намали, но не успеа до крај да ја анулира таа предност од 1 секунда и 83 стотинки. Сето ова покажува каква борба се водеше денеска на Пирин. Возбудата да биде уште поголема Словенецот Стефан Хадалин кој по првата трка беше осми, стигна до третото место со 1 стотинка послаб резултат од Хиршер. Така, потврди дека второто место на СП во Оре пред неколку денови не беше случајно.

Интересна беше прес-конференцијата. Откако ги изнесе своите впечатоци Хиршер се заврте кон Хадалин и му се извини за победата во директниот дуел од 1 стотинка.

-Тоа беше реванш за онаа трка во која ти ме победи за 1 стотинка, сега сме “егал“ -рече симпатичниот Австриец кој ги насмеа новинарите, а најмногу Хадалин.

На пресот, Пинтурол го изрази своето задоволство што ова беше 17-та победа во комбинација за “триколорите“ во Светскиот куп, со што ја продолжува традицијата на своите славни претходници.

Утре на програмата во Банско е супервелеслаломот. Хиршер, како што изјави на прес-конференцијата,најверојатно нема да настапи и ќе се подготвува за неделниот велеслалом. Тогаш и ќе завршат тридневните натпревари на светските асови во алпско скијање на прекрасната патека на Пирин над Банско.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com