“ПЕЈТЕ, ОТИ ЌЕ ВИ ЈА ИСКЛУЧАМ“: Воспитувачка во градинка ги тера децата да играат и пеат на “Жена од султана” (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Родител којшто сакал да остане анонимен, до редакцијата на „Слободен печат“ испратил видео на кое се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им кажува да играат и да пеат зошто „децата тоа слушале“.

Инаку, песната која се слуша во позадина е „Жена од султана“, малите дечиња играат, а воспитувачката им вели:

„Ајде, пејте инаку ќе ви ја исклучам“.

Потоа таа ги прашува дали ја знаат песната и дали такви песни им пуштаат дома?

„Учителката ни го испрати видеото со цел да се „пофали“ што работеле дента, бидејќи таа не информира за дневните активности. Кога ја видов снимката ќе се онесвестев. По која програма им се пушта песната „Жена од султана“ не ми е јасно. Зарем нема доволно убави детски песни на кои децата можат да играат? Ако толку сакала да шизат, можела да им пушти некои диско песни, а не турбофолк и кичерај“, вели родителот кој се пожали во редакцијата на „Слободен печат“.

Инаку станува збор за градинка во скопската населба Карпош.

Министерството за труд и социјална политика најави дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата.

“Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки, велат од МТСП.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com