Пејачот Џон Бон Џови убедил жена да не скокне од мост (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американскиот рок-музичар Џон Бон Џови бил снимен со камера како се обидува да убеди „очајна“ жена да се тргне од работ на мост во Нешвил.

Американскиот пејач наводно го снимал спотот за песната „The People’s House“ со својот бенд на пешачки мост, кога забележал жена од другата страна на оградата.

На снимките од надзорните камери што ги споделила локалната полиција, фронтменот Бон Џови може да се види како ѝ приоѓа на вознемирената жена заедно со член на неговата екипа. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Според полициската управа Метрополитен Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта.

останати вести