Американскиот пејач и текстописец Не-Јо предизвика возбуда кога минатата година објави дека е во врска со четири жени истовремено.
Неодамна се појави во живо за да разговара за деталите од нивната врска и да одговори на прашања од обожавателите, објави „Унилад“.

Иако полиаморијата не е нов концепт, таа е сè уште ретка во многу делови од светот. Сепак, тоа не го спречи пејачот отворено да зборува за својот љубовен живот и динамиката на неговите врски со Кристина, Ариел, Монеа и Бри.


Не-Јо откри дека неговите партнерки го гледаат само него, додека тој не го почитува тоа правило. „Кога се сретнав со овие жени, не побарав нивна лојалност. Тие ја побараа. Дојдоа кај мене и ми рекоа: „Сакам да бидам лојалена кон тебе и само кон тебе“, рече тој.

Кога го прашале дали некогаш има компликации, тој искрено одговорил: „Па, да, има компликации кога има само двајца во врска, па секако дека ќе има компликации кога си со четвори жени истовремено.“ Тој објаснил и како се справува со ситуации кога една од неговите партнерки го нервира, споредувајќи го тоа со врските во пријателски групи. Признал дека се обидува да ги контролира своите емоции, но дека нервозата за една личност понекогаш може да влијае на неговите интеракции со другите.
На крајот на разговорот популарниот пејач со љубов опишал што најмногу цени кај своите партнерки.
Откривајќи како секој од нив исполнува различна улога во неговиот живот. „Една е посериозна од другите, таа е сигурна. Ако ја напуштам куќата и заборавам нешто, таа го има тоа. Имам една со која се смеам цело време, сè е смешно цел ден, тоа е токму она што го прави“, рече тој.

„Имам мој сојузник, таа е онаа што би скокнала и би ми помогнала ако ме нападнат. А потоа имам и мој еклектичен, таа е моја танчерка, таа е моја уметница. Значи, секој од нив има свое нешто и функционира, функционира совршено“, заклучи Не-Јо.
