Пациентка вратена од Италија е прв случај на коронавирус во земјава

by Тони Зографски

Пациентка која се вратила од Италија, а која била позитивна на тестот што и се направил утринава, е прв случаја на коронавирус кај нас.  Таа еден месец престојувала во Италија а веќе две недели била болна и се лечела во Италија.

Пациентката е сместена на инфективната клиника и се третира според потребните протоколи.

На вонредна прес-конференција попладнево министерот за здравство Венко Филипче, техничкиот премиер Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџовски потврдија дека е регистриран првиот случај на коронавирус.

“Жената е сместена на клиниката за инфективни болести. Пациентката е првиот пациент во Скопје заболена со овој причинител. Нема простор за паника. Таа се третира соодветно на нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била на посета и прошетка во Италија, две недели е болна, се третирала во Италија, не е проверена од коронавирус таму, а откако дошла веднаш се пријавила на клиника“, рече Филипче и додаде дека  се прави проверка на сите кои патувале со неа во комбето и истите ќе бидат ставени во четиринаесетдневна изолација.

Од Министерството за здравство апелираат да не се создава паника .

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com