Парот за кој најмногу се зборува во Давос: Политичарите во втор план, сите потрчаа по нив (ФОТО)

by Тони Зографски

Годишниот самит на Светскиот економски форум во Давос отсекогаш бил место за сериозни политички и економски преговори. Но оваа година, тој „бал на моќниците“ се претвори во вистински холивудски сет.

Сите погледи на светот, сите блицеви на фотографите беа насочени само кон еден пар: поп-иконата Кејти Пери и, според многумина, најхаризматичниот политичар на денешницата — поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

Џастин Трудо одржа говор на форумот, зборувајќи за глобални теми како што се дипломатијата, меѓународната соработка и улогата на „меката моќ“. Пери седеше во првиот ред и внимателно го слушаше.

Тој објасни како одредени актуелни светски лидери користат форми на „тврда моќ“ и повика на спротивен пристап во денешната политичка клима, нагласувајќи дека обединувањето на нациите е попродуктивно за светот во целина.

Политичарите станаа невидливи

Во моментот кога Кејти (41) и Џастин (54) зачекорија по снежните улици на Давос, држејќи се цврсто за раце и разменувајќи насмевки, се случи нешто навистина интересно. Луѓето кои управуваат со милијарди долари и со судбините на државите буквално останаа без внимание,

Додека во главните сали се подготвуваа значајни говори за трговските војни и глобалната криза, ходниците се испразнија. Сите блицеви беа насочени кон парот кој изгледаше како штотуку да слегол од насловна страница на „Вог“, а не како да пристигнал на економски самит. Политичката елита, навикната на апсолутно внимание, одеднаш се најде во улога на статист во сопствениот филм.

Во тој момент сите ги заборавија и проблемите со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ се закани на Европа со нови санкции.

Додека лидерите се потеа над економските прогнози, Кејти и Џастин полека шетаа, уживајќи во вниманието што дрско ѝ го презедоа на светската елита.

Трудо и познатата Кејти, која минатата година се раздели од Орландо Блум, станаа главниот хит на овогодинешниот Давос.

останати вести