Отишол во тоалет и не можел да верува што видел (ФОТО)

by Тони Зографски

Маж се шокирал во својот дом во Бризбејн, Австралија, кога во 6 наутро, отишол во тоалет и видел дека во клозетската шоља лежел питон. Веднаш бил повикан Стјуарт Лалор, од Службата за ловење змии кој го собрал неканетиот гостин. Тој го фатил питонот и го изнел надвор.

“ И порано често рацете ми беа во клозетски шољи“ во шега рекол Лалор.

Тој истакнал дека најлошо ќе било ако домаќинот пуштел вода и ја бутнел змијата длабоко во цевката.

Инаку, вакви случаеви се чести во Австралија. Во јули е пронајден питон на тепихот во купатило, кој се претпоставува дека влегол преку тушот.  Лано, во март, еден тинајџер додека бил во тоалет питон му се заплеткал околу ногата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com