819
На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот.
Инаку, игостителите и музичарите побараа надлежните да направат промена на протоколот со кој се забранува организирање музички настани во внатрешните и надворешните делови на објектите.
