ОСТАНА САМО КИПАР: И во Бугарија регистрирани први два случаи на заразени од коронавирус

by Тони Зографски

Во Бугарија се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус.

Станува збор за маж од 27 години од Плевен и жена 75 години од Габрово, кои не патувале во странство и не престојувале на ризични дестинации, пишува „БГНЕС“.

Властите најавија дека ќе бидат земени и примероци од оние со кои заразените биле во контакт.

Двете лица се во изолација во болница и се наоѓаат во добра состојба.

Инаку, од европските држави само во Кипар сеуште не е регистриран случај на заразен од коронавирус.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com