Тројца крадци го ограбиле домот на Бред Пит во Лос Анџелес.
Тие провалиле низ предниот прозорец во куќата во населбата Лос Фелиз во неделата и „ја ограбиле“, соопшти полицијата на Лос Анџелес.
Полицијата не потврди дека куќата му припаѓа на актерот и добитник на Оскар, но адресата се совпаѓа со куќата што Пит ја купи во 2023 година.
Надлежните изјавија дека осомничените побегнале со украдени предмети, иако не е прецизирано што точно било однесено.
Актерот не бил во домот во моментот на грабежот, пренесуваат американските медиуми.
Пит претходно оваа недела беше во Велика Британија, на лондонската премиера на неговиот нов филм „Ф1“, кој беше премиерно прикажан во кината во петокот.
Со него биле актерот Том Круз и седумкратен светски шампион во Формила 1 Луис Хамилтон. Надлежните соопштија дека грабежот се случил околу 22:30 часот по локално време во средата.
Полицијата не открива колкава е вредноста на украдените предмети. BBC стапил во контакт со претставниците на актерот.
Куќата со три спални соби се наоѓа веднаш до Грифит Парк, каде што е познатиот холивудски знак.
Околу куќата има висока ограда и многу зеленило што ја крие од погледите на минувачите.
Претходно беа ограбени куќи и на други познати личности од Лос Анџелес, меѓу кои и Никол Кидман и Кит Урбан.
Минатиот месец, еден маж беше уапсен под обвиненија за следење и вандализам, откако наводно со автомобил удрил во портата на куќата на Џенифер Анистон, поранешната сопруга на Бред Пит.