Ова не е истата личност: Луѓето шокирани кога ја видeле славната пејачка без перика! (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката Сиа (50) неодамна беше фотографирана на прошетка во град, а луѓето беа шокирани кога го видоа нејзиното вистинско лице. Таа не е истата личност без перика и импресивна шминка.

Сиа е повеќе од пејачка, таа е сценска уметница која ја краси и стас и глас, а луѓето ширум светот ја обожаваат поради нејзините необични костими и перики што секогаш ги користи за да го покрие своето вистинско лице.

Но, фотографите неодамна ја фотографираа во сосема обична прошетка во Лос Анџелес во друштво на својот двегодишен син Самерсолт Вондер.

Наместо впечатливата облека и периката што го крие нејзиното лице, таа носела лежерна облека што предизвикаа вистинско изненадување кај фановите. Фотографиите стигнаа до мрежите, а ние имавме можност да ја видиме пејачката во опуштен балон фустан, кој го искомбинирала со розов качкет.

Фотографиите предизвикаа вчудоневиденост, бидејќи, Сиа под светлата на рефлекторите и Сиа надвор од сцената не е истата личност.

Сиа е позната по тоа што го држи својот приватен живот подалеку од љубопитниот свет, а јавноста беше изненадена кога стана мајка пред две години.

Потоа беше откриено дека таа тајно се развела од својот сопруг, Ден Бернард, и дека во официјалните документи навела „непомирливи разлики“ како причина за разводот. Поранешните сопружници набрзо се најдоа во жестока битка за старателство, за време на која Бернард побара целосно старателство над нивниот син Сомерсолт.

останати вести