ОВА Е ХЕРОЈ: Михаела го победи коронавирусот и донираше крвна плазма

by Тони Зографски

По 17 дена xоспитализација на Инфективната клиника во Скопје и уште две недели во домашна самоизолација, младата скопјанка Михаела Ј. го победи коронавирусот и доби можност да ја покаже својата хуманост.

Како што велат од Институтот за трансфузиона медицина, кај неа посебно била изразена желбата да помогне на пaциeнтите кај кои Ковид-19 се манифестира со пoтeшка слика. Михаела ги исполнувала условите во протоколот за дарување, пред сѐ нејзината плазма да содржи антитела, па вчера тоа и го направи – донираше конвалесцентна плазма која ќе се користи за третман на пaциeнти.

Информацијата на Твитер ја сподели нејзината сестра, а големата поддршка овозможи твитот да стигне и до министерот за здравство Венко Филипче, кој јавно ја пофали Михаела и ѝ посака добро здравје:

-Браво! И посакувам добро здравје – напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com