Објавена фотографија од мајката и ќерката што ги ослободи Хамас (ФОТО)

by Тони Зографски

Откако групата Хамас објави дека ослободила двајца американски државјани од заробеништво во Газа, висок израелски функционер објави дека тоа се Џудит Ранан и нејзината ќерка Натали.

Според „Тајмс оф Израел“, двете биле префрлени во Меѓународниот Црвен крст.

„Тие се жители на Еванстон, а во Израел дојдоа овој месец за да го прослават 85. роденден на роднина и еврејските празници“, рекол нивен роднина.

Image

“Натали има 18 години и неодамна заврши средно училиште. Таа со нетрпение чекаше да одмори и да го посети семејството во странство“, изјави вујкото на тинејџерката, Ави Замир.

Хамас неодамна објави дека ги ослободил американските граѓани од хуманитарни причини.

Еден од функционерите на таа група рече дека тоа е нивна добра волја.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com