Доколку планирате патување во Европа овој септември, а сакате да патувате што е можно поевтино, меѓу најповолните опции се градовите во Албанија, Романија, Турција и Полска.
Според анализата објавена од Euronews, која се базира на податоци од туристичката агенција Thomas Cook, може да се посетат дури 13 европски градови со просечна дневна цена од 59 до 100 евра по лице.
Земени се предвид трошоците за сместување во хотел со три ѕвездички, оброци во евтин ресторан, кафе, дневни билети за јавен превоз и билети за платени атракции.
На прво место се најде Тирана, каде што проценетиот дневен трошок е околу 59 евра по лице. Ноќевање во хотел со три ѕвездички чини во просек 32 евра по лице, додека вечера во ресторан по прифатлива цена чини околу 8,50 евра. Локалното пиво чини околу 1,50 евра.
Второто место го зазеде Букурешт во Романија, со просечна дневна цена од околу 66 евра. Во главниот град на Романија, вечерата во евтин ресторан чини малку повеќе од 12 евра, додека дневната автобуска карта е околу 1,50 евра.
На третото место, со проценета цена од 78 евра дневно, се Анталија во Турција и Варшава во Полска. Истанбул е на петтото место, со 82 евра по лице дневно, а се издвојува особено по прифатливите цени за сместување, кои во просек изнесуваат околу 28 евра по лице.
Меѓу најпристапните дестинации беа Мугла во Турција и Краков во Полска, секоја со 87 евра дневно, додека Вилнус во Литванија и Франкфурт во Германија имаат проценета цена од околу 90 евра.
На листата се наоѓаат и Лион во Франција со 91 евро, Талин во Естонија со 93 евра, Хераклион во Грција со 99 евра, додека Порто во Португалија е последен на листата со точно 100 евра дневно.
Според Томас Кук, дестинациите во Источна Европа и Турција продолжуваат да нудат особено добри цени, но нивниот растечки број туристи би можел да влијае на цените во иднина.
Список на најприфатливите европски градови:
Тирана, Албанија – 59 евра
Букурешт, Романија – 66 евра
Анталија, Турција – 78 евра
Варшава, Полска – 78 евра
Истанбул, Турција – 82 евра
Мугла, Турција – 87 евра
Краков, Полска – 87 евра
Вилнус, Литванија – 90 евра
Франкфурт, Германија – 90 евра
Лион, Франција – 91 евро
Талин, Естонија – 93 евра
Ираклион, Грција – 99 евра
Порто, Португалија – 100 евра
