Нора Шаќири разрешена, Магдалена Ризова Черних нов в.д. директор на Театар Комедија

by Тони Зографски

Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката на НУ Театар Комедија-Скопје, Нора Шаќири Марковиќ, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд,

“Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило  дисциплинската  постапка врз вработени во време на изборен процес.

За нов в.д. директор на НУ Театар Комедија е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот, стои во одговорот од Министерството за култура.

Шаќири-Марковиќ дојде на функцијата на 2 февруари годинава, откако Стефоска го разреши дотогашниот  директор Сашо Ристовски поради неправилности во работењето.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com