НОВО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Пред да го изгубите чувството за мирис и вкус, се јавува овој симптом

by Тони Зографски

Kако што истакнуваат експертите, сè уште не се знае доволно за  коронавирусот. Секојдневно се пријавуваат нови симптоми, рани знаци на инфекцијата на овој опасен вирус, а неодамна, научниците од Универзитетот во Барселона направија уште едно откритие.

Неодамна, експерти од Универзитетот во Барселона рекоа дека 70 проценти од луѓето кои се разболеле од ковида-19, во најраните фази, се пожалиле на сув нос. И дури тогаш нивното чувство за мирис и вкус целосно исчезна.

Научниците претпоставуваат дека губењето на мирисот кај ковид-19 е поврзано со исклучување на пехарските клетки, кои помагаат супстанциите одговорни за мирис да се „лепат“ на соодветните рецептори. Поради тоа, се јавува сушење на мукозната мембрана.

Важно е дека сувоста во носот останува кај пациентот приближно ист период со губење на мирис.Во просек, тоа е од осум до дванаесет дена, а потоа постепено се враќа во нормала.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com