Нови цени на горивата од полноќ

by Тони Зографски

Горивата од полноќ поскапуваат, а најголемо зголемување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од 25 август во 00.01 часот, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 95 денари. Двата бензина поскапуваат за 1,50 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 101,50 денари за литар, додека екстра лесното масло ќе се продава по 100,50 денари за литар, што претставува зголемување од два денари.

Мазутот поскапува за 1,850 денари и новата цена ќе изнесува 45,576 денари за килограм.

Со новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната пресметка.

останати вести