Ако целта била сите да зборуваат за рекламата, тогаш Сидни Свини повторно ја завршила работата.
Ѕвездата на „Еуфорија“ е главното лице на новата кампања на спортската платформа Novig, а концептот е едноставен, смел и намерно провокативен. Сидни позира речиси без облека, а фудбалски, кошаркарски и други спортски реквизити се поставени токму таму каде што треба да остават нешто и на фантазијата.
Иронично, слоганот на кампањата е дека Novig е „само спорт“.
Само што, судејќи по реакциите, малкумина прво го забележаа спортот.
Кампањата е дел од првото големо национално претставување на Novig, платформа фокусирана исклучиво на спортски предвидувања. Свини не е ангажирана само како убаво лице на рекламата. Таа стана и стратешки партнер и сопственик на удел во компанијата, а учествувала и во креирањето на самата кампања.
Рекламата е снимена во Австралија и игра токму на картата по која Сидни последниве години стана едно од најбараните лица во рекламната индустрија, провокација, хумор и доволно самодоверба за сите да застанат и да погледнат.
По кампањите кои веќе предизвикуваа лавина реакции, Сидни Свини очигледно добро ја научила формулата.
Не мора сите да ја сакаат рекламата.


