Новинарката Мери Јордановска звонела точно 184 пати за закажување термин за лични документи

by Тони Зографски

Новинарката Мери Јордановска со ироничен став за неможноста телефонски да се закаже термин за вадење на нови лични документи.

– Сериозно не сакам веќе да чујам како се жалите дека нема термини за закажување лични документи. Проблем нема, проблемот е до вас, господа. Јас и другарка ми ја откривме тајната, целата мистерија на процесот, кој сами си го плаќаме, ама тоа е сосема небитно во случајов. Сѐ што треба да направите е да свртите точно 184 пати (171 + 13, со тоа што некој ќе ви сврти во меѓувреме – тоа е задолжително, инаку магијата нема да успее) и гарантирано добивате термин и тоа во скоро време, за ваши пари, сподели таа на својот Фејсбук профил.

останати вести