Нова 62-ра жртва на пожарот во Пулс во Кочани- во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов по еден месец борба за живот

by Тони Зографски

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, на повредите подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, момче родено 2001-ва година.Стојанче е 62-ра жртва на пожарот во Пулс во Кочани.Почина цел месец по трагичниот пожар колку што траеше и неговата и лекарската битка за живот.

-Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад, соопштија од Здравство.

Стефанов во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира (збогатува со кислород) крвта преку машина, заради вдишаниот чад.

-Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани, се вели во соопштението.

На денот на пожарот беа регистрирани 59 жртви, а од критично повредените пациенти починаа уште тројца во болница.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com