Ни високите температури не можат да ја спречат да биде најсекси водителка (ФОТО)

by Тони Зографски

Жешката водителка Аманда Холден (55) не дозволува високите температури да ѝ пречат во плановите. Таа се појави пред фотографите во тесен фустан и уште еднаш го покажа своето „тело од милион долари“.

Секое издание на жешката водителка е вредно за споменување, а таа обожава секогаш да ги истакнува своите најважни атрибути.

И овојпат таа прошета во долг, тесен фустан, неутрална беж нијанса, а деколтето го украде најголемото внимание. Водителката се одлучи за модел со V деколте, додека под фустанот не носеше градник, па сè беше јасно оцртано.

Елегантни сандали во кафеава боја, очила за сонце и нејзината препознатлива брановидна коса полна со волумен, надополнија сè и уште еднаш покажаа дека Аманда нема да престане да импресионира со својот изглед, барем не оваа година.

Иако во Велика Британија е на сила и предупредување поради екстремно високите температури, на Аманда не ѝ пречи премногу тоа и не дозволува да ѝ се расипе расположението или модното издание.

останати вести