„Никој нема вакво тело“: Кејт Хадсон ги покажа своите атрибути (ФОТО)

by Тони Зографски

 Кејт Хадсон (47) ја покажа својата неверојатно затегната фигура во минијатурно црно бикини, а објави серија заводливи фотографии на Инстаграм.

Актерката отпатува на грчкиот остров Скијатос со својот вереник Дени Фуџикава (40) и нејзините две деца. Кога не воодушевува на црвениот тепих, како неодамна на филмска премиера, тогаш тоа го прави на плажа.

Кејт позираше во провокативен костим за капење, а горниот дел од бикинито со врзување околу вратот дополнително ги истакна нејзините извајани стомачни мускули.

Семејството уживаше и во возење со брод, посетувајќи една од повеќе од 60 плажи со кристално чиста вода. На една фотографија, Кејт и нејзиниот син се релаксираат на палубата.

Позитивните коментари за нејзиниот изглед не изостанаа, тоа е речиси редовна појава секогаш кога Кејт Хадсон се појавува некаде.

„Божица“, „Изгледаш неверојатно“, „Какви стомачни мускули“, „Бикинито ти стои совршено“, „Никој нема вакво тело“, се некои од реакциите.

останати вести