ЗА ЌЕРКИТЕ СОФИЈА И АНАСТАСИЈА: Никола Груевски на Фејсбук ја најави својата нова книга

by Тони Зографски

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски преку Фејсбук ја најави неговата нова книга.

Со наслов „Искуство за иднина“, а во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“ книгата е всушност неговиот докторски труд на тема : „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје.

„Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.“, се вели во предговорот на книгата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com