“НЕ САКАВМЕ ДА ОТКАЖЕМЕ, БЕШЕ МОЌНО“: Млад Афроамерикански пар се венчаше за време на протестите (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во саботата на улиците на Филаделфија на протести излегоа илјадници демонстранти, а меѓу нив и млад пар кој се венчаше во центарот на протестите.

Кери Ен и Мајкл Гордон ја отворија својата мала свадбена церемонија на отворено, баш во моментот кога илјадници луѓе пристигнуваа на улицата Бенџамин Френклин за да протестираат против полициската бруталност која доведе до смрт на Џорџ Флојд.

Двојката знаеше дека ќе има протести, но одлучија да не ја одложуваат венчавката бидејќи претходно свадбената прослава веќе ја одложија за 2021 година поради коронавирусот.

-На крајот тоа беше многу моќен момент. Не само што почувствувавме дека луѓето се кренаа, туку заради тоа што се омажив за Афроамерикаец кој одлично преставува се што ние сме, се што се нашите мажи и нашата култура. Навистина се тоа беше охрабрувачко – изјавила за ЕЈ-БИ-СИ 35-годишната Кери Ен Гордон.

 

останати вести