НЕ МОЖЕШ ДА СЕ ПРАВИШ МАНГУП ПРЕД ИЗРАЕЛСКА ПОЛИЦИЈА: Уапсен најдобриот фудбалер на Израел (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најдобриот израелски фудбалер Еран Захави е уапсен поради судир со полицијата.

Фудбалерот на кинескиот Гвангжу е пријавен од сосед поради бука во неговиот дом. Захави кој има милионски договор во Кина организирал домашна забава.

Полицијата постапила по пријавата пристигнала пред домот на Захави, но тој одбил да ги пушти во неговиот дом.

Според информациите од Израел Захави ги навредил полицајците одбивајќи да се идентификува, со тоа што им кажал „ај не се зафркавајте, знаете кој сум јас“.
Забавата била во дворот, со гласна музика, скокање и урлање во базенот и кршење на препораките на здравствените работници за дистанцирање поради коронавирусот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com