НЕ Е ЗА СЕКОГО БРЗА КОЛА: Фудбалер на Вест Хем го искрши Ламборџинито од 250.000 евра (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Ѕвездата на Вест Хем, Мичел Антонио нема по добро да го памети овој Божиќ затоа што излета со своето Ламборџини вредно 250.000 евра.

Крилниот фудбалер тргна во клупскиот хотел пред натпреварот на Вест Хем на „Боксинг деј“ против Кристал Палас, но во таа прилика изгуби контрола над неговиот скапоцен автомобил, удри во собраќајниот знак, излета од улицата и влезе во дворот на една куќа. Случајните минувачи беа изненадени кога од автомобилот излезе ѕвездата на Вест Хем и тоа облечен како Дедо Мраз.

Инцидентот бил снимен и објавен на интернет и стана хит на социјалните мрежи.

Мишел Антонио бил нервозен што го снимале по инцидентот, но за среќа се добро се завршило.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com