“НЕ Е ДОБАР ЧОВЕК“: Карлеуша го нападна Ѓоковиќ

by Тони Зографски

Јелена Карлеуша денеска објави статус во кој го прозва најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, поради неговата поддршка на студентските протести во Србија.

Имено, српскиот тенисер по натпреварот на Вимблдон симулирал „пумпање“ како симбол на студентскиот бунт против режимот во Србија по падот на натстрешницата во Нови Сад и смртта на 16 лица.

На Јелена Карлеуша тоа очигледно не ѝ се допаднало, со оглед на тоа дека е силен поддржувач на српскиот претседател Александар Вучиќ, па реши да се огласи на социјалната мрежа Икс.

„Спортист кој на теренот меша политика во спортот не е спортист. Спортист кој поддржува насилство и беззаконие во сопствената земја не е спортист. Спортист кој во спортот меша и политика, и сопствените и туѓите деца, ги хушка туѓите деца да не одат на училиште додека неговите одат во приватно училиште – не е добар човек бидејќи доброто удирање, фрлање и шутирање топка не значи и добар човек“, напиша таа.

останати вести