НЕ Е ГВЕН СТЕФАНИ: Џенифер Лопез изгледа непрепознатливо на новите фотографии на Инстаграм (ФОТО)

by Тони Зографски

Американската глумица и пејачка Џенифер Лопез изгледа непрепознатливо на новообјавените фотографии на „Инстаграм“, а некои обожаватели дури помислија дека тоа е Гвен Стефани.

Џеј Ло го промени својот изглед за својата нова улога. Имено, таа ja глуми улогата на Аурора во политичката драма „Бакнежот на жената-пајак“ (Kiss of the Spider Woman) во режија на Бил Кондон.

– Да се глуми Аурора беше како да се танцува низ златното доба на киното… Со сјај, гламур и многу танцување. Враќањето во времето никогаш не било позабавно“, напиша Лопез во објавата.

останати вести