НЕСРЕЌА ВО БОРДЕЛ ВО ЦИРИХ: Србин паднал од прозорец и загина

by Тони Зографски

28-годишен Србин во Цирих паднал низ прозорец на бордел и загинал. Несреќата се случила минатиот петок, а вчера швајцарските власти ги објавија деталите за настанот.

Засега, како што пишуваат швајцарските медиуми, нема докази дека во несреќата учестувало и друго лице, случајот се води како несреќа.

Оваа помалку бизарна несреќа се случила во раните утрински часови, околу 10.45 часот. Минувачите на улица го виделе момчето и веднаш повикале полиција.

Жената која живее веднаш покрај борделот рекла дека слушнала гласови, кавга меѓу маж и жена.

Има и Сириец кој сведочел за настанот, а бил на другата страна од улицата и разговарал по телефон до пријател.

„Мажот се обидуваше да излезе низ прозорец по кавгата. Едната нога му беше внатре, другата надвор. Се обиде да дојде до соседниот балкон. Се лизна и падна на глава“, вели сведокот и додава дека несреќниот маж имал и перница во раката.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com