НЕОФИЦИЈАЛНО: Полицискиот час продолжува уште една недела?

by Тони Зографски

Денеска ќе биде познато дали и понатаму ќе имаме полициски час од 20 часот до 05 наутро. Според информациите кои ги објави Сител Комисијата за заразни болести размислува да предложи уште една недела продолжување на рестриктивните мерки, кои ќе го опфаќаат неработењето на угостителите и полициски час каков што имаме и сега.

Во моментов она што е познато е дека според Министерството за здравство, попушта притисокот врз болниците, што е клучно во донесувањето на одлуката.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com